Каберне Совињон
Смолник 2011
Суво црвено вино
Година: 2011
Регион: Тиквеш, Македонија
Сорта: 100% Каберне Совињон
Алкохол: 13,5vol%
Годишно производство: 5000 шишиња
Боја: Рубин црвена
Ароми: Впечатливи ароми на зрели капини и боровинки.
Вкус: Џемасти ароми на ситнозрнести плодови со пријатен завршеток на ванила која што доаѓа од краткиот контакт на виното со даб. Вино со полно тело и меки балансирани танини..
Шеќери (g/l): 1
Киселост (g/l): 4,6
Винификација: Микро ферментација во резервоари од нерѓосувачки челик и капацитет од 5 тона со контролирана температура и транспорт во текот на системот, подолг контакт со пулпата за поголема екстракција на саканите соединенија..
Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години.
На 16-18C со сите црвени меса на скара или зачинети со ароматични зачини (ким, коријандер, цимет), заедно со кремаста палента со сирење или зеленчук на скара.
Лозје: 20 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина – Микролокација наречена Смолник. Површината на плантажата е со густина од 4200 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
Берба: Крајот на септември 2011. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg.