Каберне Совињон
Резерва 2008
Суво црвено вино
Година: 2008
Регион: Тиквеш, Македонија
Сорта: 100% Каберне Совињон
Алкохол: 13,6 vol%
Годишно производство: 5000 шишиња
Боја: Рубин црвена.
Ароми: Богатство од овошни (црна слива, боровинка, капина) и зачински ароми (цимет, каранфилче) и пријатни хербални ноти(мента). .
Вкус: На вкус виното е богато и полно со развиени џемасти ноти. Зреено во барик 24 месеци, меко и добро балансирано вино со пријатен послевкус.
Шеќери (g/l): 4,4
Киселост (g/l): 5,7
Винификација: Микро ферментација во резервоари од нерѓосувачки челик и капацитет од 5 тона со контролирана температура и транспорт во текот на системот, подолг контакт со пулпата за поголема екстракција на саканите соединенија..
Созревање: 24 месеци во македонски и американски барики.
Потенцијал за созревање: Доколку е соодветно складирано во одредени услови виното ќе го покаже својот вистински потенцијал во наредните неколку години.
На 16-18C со стек на скара, говедско или јагнешко месо, Чеда или Гауда сирење.
Лозје: 19 години старо лозје од подрачјето на Вардарската Долина – Микролокација наречена Смолник. Површината на плантажата е со густина од 4200 лози на хектар култивирани со систем на кроење. Приносите во просек се 8000 kg/ha.
Берба: Крајот на септември 2008. Грозјето се бере рачно и се складира во пластични бочви од 20 kg.